Актерката Салма Хаек (52) од Ровињ им го честиташе Велигден на своите обожаватели. Откако претходно позираше на фотографија со зајаче, таа сега се пофали и со лов на тартуфи. Колку актерката ужива во Истра покажуваат фотографиите што редовно ги објавува на социјалните мрежи.
Дека се забавува и ужива во пријатно друштво, таа и овој пат покажа со фотографиите на кои позира со Зара и Малa, кучиња трагачи по тартуфи.
„Овој Велигден наместо во лов на јајца отидов во потрага по тартуфи“, напишав убавата Салма покрај фотографијата на својот инстаграм-профил.
Нејзиното објавување имаше повеќе од 180.000 допаѓања. „Уживај во Хрватска”, „Прекрасна си, Салма” се само некои од коментарите на обожавателите.