Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од „Стентон градба ДОО“, пак, информираат дека од денеска ќе има измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно по мостот на река Раец кон Плетвар поради отпочнување со градежни активности.  Се работи за проектот Рехабилитација на државен пат А1, делница Фариш-Прилеп, кој ќе се одвива во наредните 12 месеци.Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

Треба да знаете
Последни објави