Вицегувернерката Митреска: Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви високи

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема”.

Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните резерви. Досега сите промени кај девизните резерви, во целост се конзистентни со нашите очекувања. Нивото е високо, некаде околу 3,4 милијарди евра, и да нагласам дека ова ниво е повисоко и во однос на нивото коешто го имавме на самиот почеток на пандемијата. Всушност, по сите параметри на резервите што ги следиме, тие се адекватни и се, де факто, огледало на нашиот капацитет да ја одржуваме стабилноста на курсот”, посочи вицегувернерката Митреска.

Таа истакна и дека во извештајот за нашата економија Меѓународниот монетарен фонд, јасно и експлицитно кажува дека курсот е целосно конзистентен, не само со економските параметри, туку и со политиките коишто ги водиме и оттаму нема апсолутно никаква потреба од промена на нивото на курсот.

Треба да знаете
Последни објави