Рускиот премиер Михаил Мишустин најави нова мерка со која Русите се обидуваат да се борат со санкциите.
„Привремено ќе им забраниме на западните компании да го напуштат нашиот пазар“, рече Мишустин во денешното обраќање.
„Ќе им забраниме да ги напуштат инвестициите што ги имаат во Русија“, додаде тој.
Неколку големи компании најавија дека ги прекинуваат сопственичките врски со руските компании. Меѓу нив се британскиот енергетски гигант BP, American Shell и Norwegian Equinor. Новата мерка на Русија, без преседан, се обидува да го ублажи ударот.
„Санкциите нема да не’ скршат. Немаме имот на Запад. Казувајте не’ колку сакате, тоа не е проблем за нас“, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Russia is temporarily banning western companies from exiting Russian investments, PM Mikhail Mishustin says. pic.twitter.com/g2E0kC3eim
— max seddon (@maxseddon) March 1, 2022