Поранешниот селектор на САД, Јирген Клинсман, може да продолжи со кариерата во текот на летото.
Менаџментот на Њукасл ја разгледува можноста за кандидатурата на германскиот стратег, објави „Њукасл Хроникл”.
Се забележува дека приоритетната опција е продолжување на соработката со Рафаел Бенитез, чиј договор истекува на крајот од јуни оваа година. Ако Шпанецот го напушти клубот, може да го замени Клинсман.
Јирген Клинсман беше поврзуван и со позицијата во Херта Берлин. 54-годишниот стратег ги негираше овие информации.
Клинсман ги предводеше националните тимови на Германија и САД за време на Светското првенство 2006 и 2014 година, а исто така работел во Баерн Минхен.