Заев: Силјановска збор не кажа кога се затвораше А1 телевизија, а вели дека се залага за правда
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во Тетово се обрати на граѓанска трибина и даде поддршка за концептот за кој рече дека обединува наспроти оној на опозиционата партија и нивната кандидатка којшто е за нови поделби на граѓаните и нови блокади на државата.
„Силјановска ја немаше никаде кога се затвораше А1 телевизија. Силјановска ја немаше никаде во важните моменти за државата. Нема В од вредности кај неа. Само пуста амбиција како Мицковски, Тој да стане премиер, а таа претседател. Во оваа држава секој може да биде претседател и премиер ако се постави чесно и ако носи одлуки во интерес на граѓаните“ рече Заев на граѓанската трибина во организација на концептот Заедно Напред, предводен од Пендаровски.