Кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија, на коалицијата Заедно Напред, Стево Пендаровски денеска на граѓанска трибина во Тетово рече дека коцептот на опозиционата ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Давкова Силјановска е да го уништата до сега направеното и со тоа да ја вратат земјата назад и да ја блокираат иднината на сегашните и идните генерации.
-Доколку опозиционите политичари добијат шанса да бидат власт нивните први одлуки ќе бидат укинување на сите документи кои значат безбедност, сигурност и стабилност за нашата земја и со тоа се враќаат ризиците и несигурноста што беа пристни во раните 90тите. Ова се најдобрите договори што може да ги имаме со гаранции за идентитетот, сувереноста и државноста. Со поништување на се што е направено до сега, за што се залага Силјановска ние се враќаме во раните 90-ти. Доста беа 30 години транзиции, режим и фамилија, Силјановска враќа во раните 90-ти години, порача Пендаровски.