Сенегалците се очајни и ќе го повлечат последниот можен потег според нив за да се случи чудо и најдобриот нивни фудбалер Садио Мане да игра на Мундијалот во Катар.
Науката и докторите се немоќни па прогнозите се дека Мане не може да настапи во Катар, па од таборот на сенегалската фудбалска федерација објавија дека ќе се обидат со доктори врачеви, што е вообичаена пракса во земјата.
Таа информација за „Европа 1“ ја потврди и Фатма Самоура, која е Сенегалка и е Генерален секретар на ФИФА.
„Да ќе се обидеме со екстремни методи и со светиот врач. Не знам дали ќе има ефект, но мора да се обидеме и да веруваме во чудо. Мане мора да биде со нашата селекција во Катар“, изјави Самоура.
Мане се повреди завчера во дуел со фудбалерот на Вердер Бремен, Амос Пипер и потоа беше објавено дека нема да стаса да се рехабилитира навреме за настап на Мундијалот, иако Сенегалците не се откажуваат.
Сенегал е во А групата со домаќинот Катар, со Холандија и Еквадор во првата фаза на шампионатот.