(ВИДЕО) Заев, Адеми и Пендаровски од Тетово: Да донесеме исправна одлука на 5 мај

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Тетово повикаа на успешен втор круг од претседателските избори и поддршка за концептот Заедно Напред, од сите, за доброто на сите граѓани, посочувајки ги придобивките од овој концепт и штетите од концептот на кандидатката Гордана Силјановска и на Мицкивски, којшто води назад.

-Гордана Силјановска се бори за тоа што се бори Мицковски, а Мицковски се бори Груевски да се врати, е нема амнестии повеќе. Главната задача, право и правда е императив за сите и тоа ќе го исполниме.

Во декември очекуваме заокружување на процесот за влез во НАТО, а ова лето и да почнеме преговори со ЕУ.  Следуваат крупни економски чекори, младите овде да ни бидат, со план за живот тука, никаде не е како дома, немаме проблеми од надвор веќе, сега работата од нас зависи дома, но ни треба претседател. 23 месеци ја водам Владата, видов каде се слабите карики, каде се гребе, за да се помогне на граѓаните. Ќе се случат промените. Но на вас кои ми ја испративте оваа порака и јас ја примив и јас праќам, на сите кои не излеговте на гласање, гласавте за Река, па и за Силјановска, имаме обврска да донесеме исправна одлука. Оваа земја е аманет на сите. Седењето дома дава шанса на Силјановска, на Мицковски и на Груевски, со излегување и гласање им ја одземаме таа шанса. Да излеземе и да ја осигураме таа иднина којашто толку години сме ја очекувале, а еве ја на дофат. Очекувам успешни избори и дека вкупниот резултат ќе биде потврда на вистинскот концепт Заедно Напред, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на трибината во Тетово.

-За жал опозицициската партија и нивната кандидатка за претседателка продолжуваат со жестоката пропаганда да поништат ‘се што оваа власт направи. Ќе направеле подобри договори, а на прашањето кој ќе им даде меѓународни гаранции, молчат. Најголемите светски сили нам ни ги дадоа сите можни гаранции, застанаа зад договорите и со Бугарија и со Грција и со нивна помош сме на патот на НАТО. За два месеца од сега, очекуваме датум за почеток со ЕУ, се отвораат можности за младите, за бизнис заедницата, ќе можеме да комуницираме со современиот развиен свет. Има два концепта, еден кој вели треба да се интегрираме внатре и да одиме Напред и другиот којшто признава само граѓани од прв ред и други, газди и чираци. Зад овој концепт зад којшто стоиме ние, јас, премиерот, министри, Владата, имаме поддршка, бараме уште поголема поддршка за овој концепт којшто ‘не носи каде што ни е местото, рече претседателскиот кандидат Пендаровски.

-Концептот евро-атлантска држава може да го турка само оваа власт и идниот претседател Стево Пендаровски. И концептот на Блерим Река е за ЕУ и НАТО. И тој го поддржува Рамковниот договор, Преспанскиот договор. И пораката до оние кои гласаа за Река е дека ако не излезете на 05.мај и ако не гласате за Стево Пендаровски, ќе ја предадете вербата на Блерим Река за Република Северна Македонија, членка на НАТО и на ЕУ, порача членот на ИО на СДСМ, Адеми.

 

Треба да знаете
Последни објави