Рачна бомба од италијанско потекло со производство од 1944 година, била пронајдена вчера во куќа во Ресен.
Според полицијата, околу 13 часот во ПС Ресен било пријавено дека на улицата Јосиф Јосифовски во Ресен, во домот на Ј.Н. била пронајдена една рачна бомба,од италијанско потекло со производство од 1944 година.
Увид на местото извршила екипа од ПС Ресен.
Стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната за понатамошна постапка.