Катни гаражи во Охрид како дел од програмата на кандидатот за градоначалник Констатин Георгиески

Проблемот кој со години е соочува Охрид со недостиг на паркинг места во градот, особено во шпицот на туристичката сезона ја наметнува потребата од изградба на современи Катни гаражи.

Како што соопшти кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Константин Георгиески, во тек е подготовка на Физибилити студија за изградба на Катна гаража на предвидената локација во близина на Градскиот пазар. Исто така во согласност со урбнистичките планирања предвидена е и изградба на Катна гаража и на просторот во близина на Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини Извори” на улицата „АСНОМ”.

Според Георгиески, доколку има интерес кај одредени инвеститори постојат можности овие две катни гаражи да се изградат по пат на договор за Јавно приватно партнерство.

– Ние како Локална самоуправа ќе ја дадеме потребната поддршка во однос на целокупната документација за градба и обезбедување на комуналната инфраструктура на просторот, вели тој.

Според планираното, катните гаражи би биле изградена по сите современи стандарди кои се предвидени за ваков вид на објекти, со солиден капацитет за паркирање на моторни возила. Тие ќе претставуваат безбедни места за паркирање со прифатливи цени. Освен вообичаените паркинг места за патнички возила, во гаражите ќе има предвидено и паркинг-места за лица со посебни потреби како и паркинг-места за велосипеди. Паркирањето во објектите ќе биде организирано по модерна електронска технологија со влезно излезни терминали, наплатен терминал и информативен систем за следење на слободните паркинг места.

– Мојата Предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти кои се од големо значење за охриѓани, но и за туристите кои секојдневно го посетуваат нашиот најголем туристички центар, вели кандидатот Георгиески.

Треба да знаете
Последни објави