Архитектите кои веќе работат на реновирањето на париската катедралата Нотр Дам имаат нов проблем бидејќи најавениот дожд може дополнително да ја оштети, па црквата забрзано ја прекриваат, објави Би-би-си.
Итно поставување на помошни церади е еден од најголемите приоритети.
Имено, сводот на катедралата, кој делумно се урна за време на пожарот што го погоди Нотр Дам минатиот понеделник, веќе е натопен со вода.
Покрај тоа, постојат три големи дупки во сводот.
Едната од нив беше создадена кога се урна камбанаријата.
Архитекти се плашат дека силниот дожд може да предизвика понатамошно уривање на црквата.
Веќе се планира да се распне специјален функционален „чадор” на покривот на црквата, така што реконструкцијата ќе се одвива без големи проблеми.
Но, овој чадор сè уште не е подготвен, а заканата од врнежи е премногу сериозна за да се чека на нејзиното распнување.
Дождот се предвидува да падне во Париз в четврток.