Русија планира да се вклучи во глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови со конечно ратификување на Парискиот климатски договор пред крајот на годинава, изјави рускиот вицепремиерот Алексеј Гордеев, пренесува РТ.
Гордеев, исто така, го пофали Парискиот климатски договор како одржлива меѓународна правна основа за долгорочна регулација на климата. Според него, Русија има амбициозен план за намалување на емисиите на стакленички гасови до 75 отсто од нивоата во 1990 година до 2019 година. Русија, исто така, има за цел да ги задржи емисиите на гасови на исто ниво во следните 35 години.
Русија, петти најголем светски емитувач на стакленички гасови, го потпиша Парискиот климатски договор, чија цел е ограничување на глобалното затоплување до 2 степени Целсиусови во април 2016 година, заедно со други земји. Во ноември 2016 година руската влада воведе план за ратификација, вклучително и оценка на економските ефекти од договорите и можните промени во енергетската политика.
Раководителот на Програмата за климатски и енергетски работи на WWF Russia, Алексеј Кокорин, го пофали планот за скоро ратификување на документот.
„Русија само треба да продолжи да ги спроведува своите планови за одржлив развој кои вклучуваат зголемување на енергетската ефикасност или модернизација на термоелектраните до 2030 година. Ова ќе биде многу пристоен придонес”, рече Кокорин.
Тој додаде дека ратификувањето на Парискиот климатски договор ќе им помогне на руските претпријатија да учествуваат во проектите за одржлив развој и да привлечат нови инвеститори.
Досега, 184 држави и ЕУ го ратификуваа Парискиот климатски договор. Меѓутоа, САД станаа единствената земја што се повлече од глобалните напори за справување со емисиите.
Во август 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп го објави повлекувањето на земјата од Парискиот климатски договор во согласност со ветувањата од неговата кампања и политиката „Америка пред се”, велејќи дека тоа ќе им помогне на американските индустрии, особено на рударството.