На 21.04.2019 година, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко моторно возило управувано од осомничениот удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал, а другиот се здобил со телесни повреди. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и осомничениот се здобил со телесни повреди.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.