Вечерашните средби од шеснаесетина финалето од англискиот Лига куп донесоа елиминација на Арсенал и Тотнем, кои со комбинирани состави со многу млади фудбалери не можеа да излезат на крај во пресметките со Брајтон (1-3) односно Нотингем форест (0-2). Mеѓу екипите кои што останаа без осминафинале е и Лидс Јунајтед.
Лидерот во Премиер лигата беше голем фаворит во пресметката со Брајтон, но комбинациите во составот на Микел Артета донесоа неочекувана елиминација. „Топџиите“ пред својата публика со 1-3 загубија од разиграните гости, кои по големата победа над Челзи во Премиер лигата од пред неколку дена, средија уште еден лондонски гигант.
„Топчиите“ први поведоа уште во осмата минута. Но, гостите изедначија преку Велбек од пенал во првото полувреме, а во второто постигнаа уште два гола за пласман во осминафиналето. Составот од Лондон, пак, двата гола ги прими во период од седум минути на стартот од второто полувреме и се збогува со настапот во ова натпреварување.
Голем пораз забележа и тимот на Тотенхем, кој за само седум минути прими два гола од Нотингем Форест и ги заврши настапите во Карабао Купот. Лоди и Џеси Лингард во 50. и 57. минута го шокираа лондонскиот гигант и на „шумарите“ им ја донесоа една од најголемите победи во оваа сезона.
Дерби мечот од ова коло во Лига Купот се играше во Манчестер каде Сити го пречека Челси. Домашните победија со 2-0, двата погодоци беа постигнати во вториот дел.
Махрез во 53. минута донесе водство за Сити, а само пет минути подоцна Алварез зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат.
Ливерпул на пенали го победи Дерби. Мечот во регуларниот тек беше 0-0.