Гордана Сиљановска со фри шоп на нејзиниот сопруг во време на тразицијата е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам

Сиљановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам. Во времето кога била министерка во првата политичка Влада од 1992 година, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп,тогаш еден од најдоходовните бизниси.

Ова е класичен чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, и во тоа време наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е „симбол на правото и правдата“, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година токму од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу нив се и тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Пановски и Александар Флоровски.

(https://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/77sednica14juli94god.pdf)

Дури и самата Сиљановска во интервју на Сител телевизија призна дека фри шопот постоел.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

Треба да знаете
Последни објави