Загина тракторист во Кочанско

Жител од кочанското село Спанчево загинал откако се превртел со тракторот што го управувал, вчера во близина на селото. Станува збор за Ж.З.(61).

Според полицијата, несреќата се случила околу 16.55 часот во селото Ж.З. управувајќи трактор во еден момент се превртел и починал на самото место.

Увид извршила увидна екипа од ПС Кочани.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави