Путин: Разговорот со Ким беше темелен, Ким: Плоден и конструктивен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток бил темелен.

Како што рече, со Ким зборуваше за билатералните односи, сегашната ситуација и перспективите за нивниот развој, според ТАСС.

„Разговаравме за ситуацијата на Корејскиот Полуостров и разменивме мислења за мерките што треба да се преземат за да се подобри ситуацијата”, рече Путин.

Ким изјави дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, кој почна да биде конструктивен, ќе продолжи да биде таков.

„Се надевам дека нашите преговори ќе продолжат во иста насока, како плодни и конструктивни”, рече Ким.

Средбата меѓу Ким и Путин траеше околу два часа, двојно повеќе од предвидените 50 минути.

На Сојузниот универзитет во Владивосток, на рускиот Далечен Исток се одржува состанок на делегациите на двете држави.

Ова е прва посета на Ким на Русија и негова прва средба со Путин.

Треба да знаете
Последни објави