Земјотрес во Дојран и Гевгелија

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван ноќеска во Дојран и Гевгелија.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа утринава во 03 часот и 11 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 150 километри југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со јачина од 2,8 степени според Рихтер, а бил почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Треба да знаете
Последни објави