(Фото) Жешко издание на Џеј Ло со нов имиџ и 2 милиони „лајка„ за два дена

Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез веќе три децении ја плени јавноста, а овој пат блесна повеќе од кога било на насловната страница на популарниот магазин „Ролинг стоун“.

По долго време, 52-годишната латино дива Џеј Ло ја скрати косата во кратка „боб“ фризура, а целиот стил го зачини со тесен, црн комбинезон кој одлично ја истакна силуетата на нејзиното извежбано тело.

Латино дивата е вистински пример за жена која се истакнува во сите модни трендови, а нејзиниот нов изглед беше награден и од фановите на социјалните мрежи. Познатата Џеј Ло ја следат речиси 200 милиони следбеници, а фотографијата веќе брои два милиони „лајкови“.

Треба да знаете
Последни објави