Жена од Стајковци прегазена од автомобил

Жена од скопското село Стајковци била тешко повредена откако била удрена од автомобил, вчера во селото.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 16.30 часот во селото Стајковци, кога автомобил „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(37) од Скопје, удрил во пешакот Б.Р.(71). Од ударот Б.Р. се здобила со тешки повреди и била пренесена во Градската општа болница „Наум Охридски“ .

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави