Рускиот претседател, Владимир Путин оцени дека резултатот од претседателските избори се доказ за неуспешните политики на украинскиот претседател во заминување, Петро Порошенко.
„Изборите се апсолутен неуспех на политиките на Порошенко. Сигурен сум дека новата власт во Украина е свесна за тоа. Останува да се види кои чекори ќе ги презеде новиот претседател на Украин, Владимир Зеленски. Разбирањето е една работа, додека градењето на реалистична политика која ги задоволува интересите на луѓето е нешто сосема друго“, додаде Путин.
Тој верува дека односите помеѓу Москва и Киев ќе зависат од политиките на новото раководство.
„Ние сакаме и подготвени сме целосно да ги обновиме односите, но тоа не можеме да го направиме еднострано“, изјави Путин.