Две мачки задушени од чад при пожар кој избил во стан во населба во Торино, биле спасени во средата од страна на локалните пожарникари, пренесува српски „Телеграф“.
По гасењето на огнот, бригадата ги вратила во живот двете мачки кои во зградата биле затекнати без свест, задушени од чадот.
Огнот, наводно, избувнал во стан на вториот кат од четирикатна станбена зграда. Се верува дека пожарот го предизвикал краток спој на апарат за домаќинство. Сите 15 луѓе кои при инцидентот биле во зградата се успешно евакуирани.
Станот најзафатен од огнот претрпел значителни штети и е означен како непогоден за употреба.