Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден во четвртокот објави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020 година.
„Ние сме во битката за душата на оваа нација”, рече Бајден во видеопораката објавена рано наутро по американско време.
Тој ги повика избирачите да му го ускратат вториот мандат на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа.
Долгогодишниот сенатор, 77-годишниот Бајден, кој беше осум години во администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама, се приклучи на листата на повеќе од дваесет кандидати кои сакаат демократска номинација за да го поразат републиканецот Трамп.