Анкета на „Макфакс“: 67,7 отсто од граѓаните сметаат дека метлата на Заев нема да потфати никого

Истражувачкиот центар на „Макфакс“ спроведе анкета со прашање „Кого ќе потфати метлата на Заев?“ во траење од 24 часа спроведена на 15 веб-страници.

Најголем дел од испитаниците, односно 67,7 отсто одговориле „Никого“ додека пак 11,3 отсто одговориле „Министрите“. 11,1 отсто сметаат дека директорите се оние кои ќе бидат разрешени, а според 9,9 отсто од испитаниците, внатрепартиските функционери во општинските организации ќе бидат на мета на премиерот Зоран Заев по претседателските избори.

На анкетата вкупно гласале 3,887 граѓани од кои 69,71 отсто мажи и 30,29 отсто жени. Во однос на возраста најзастапени во анкетата се оние од 25 до 34 години односно 36,78 отсто, додека пак 34,24 отсто од избраниците се на возраст од 35 до 44 години.

Анкетата започна на 24.04.2019 во 12:00 и траеше 24 часа

Треба да знаете
Последни објави