Возач од Делчево со автомобил се забил во бандера во Скопје

Возач од Делчево со автомобил излетал од пат и се забил во бандера, утрово во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 3 часот на улицата Јордан Мијалков во Скопје, автомобил „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(37) од Делчево, излетал од коловозот и удрил во бандера.

Со тешки повреди се здобил возачот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави