Британскиот секретар за надворешни работи, Џереми Хант, во четвртокот изјави дека затворањето на четворицата лидери на про-демократските протести во Хонг Конг од 2014 година е длабоко разочарувачко.
Пресудата на активистите следеше по едномесечно судење.
Велика Британија го врати Хонгконг под кинеска власт во 1997 година според принципот „една земја, два системи“, со гаранција за висок степен на автономија и слободи кои не се уживаат на ниту едно друго место во Кина.
Пресудите на активистите во Хонг Конг се длабоко разочарувачки, рече Хант на Твитер. Тој додаде дека целта на принципот „една земја два системи“ и Заедничката декларација е почитување на граѓанските и политичките слободи.