Штипјанка повредена откако автомобил удрил во нејзината куќа

Штипјанка била повредена откако автомобил што го управувал несовесен возач се забил во нејзината куќа, а од ударот се срушиле поголем број на цигли внтаре во куќата и ја повредиле жената.

Според полицијата, несреќата се случила во 23.20 часот на улицата Радански пат, во Штип, непознато возило удрил во sид од куќа, сопственост на Н.А.(88).

Од ударот се срушиле поголем број на тули внатре во куќата и ја повредиле жената по што возачот избегал.

Повредената била пренесена во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави