Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот Комитет Игор Николов оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.
Соопштението го пренесуваме во целост:
Соговорниците разговараа за изборниот процес во Република Македонија и за претстојниот втор круг на гласање. Мицкоски го информираше својот соговорник за сите притисоци и заплашувања во процесот на кампања од страна на власта, злоупотребите на институциите и состојбите со полициски службеници кои активно земаат учество на партиски митинзи“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:
Изборниот ден беше оценет како мирен, а беше изразена надеж дека истото ќе биде и со вториот круг на гласање.
Мицкоски посочи дека врвен приоритет се демократските избори, кои се клуч за напредокот на земјата. Дополнително беше кажано дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан економски раст.
ВМРО-ДПМНЕ останува силен мотор за зачленување на државата во ЕУ, што е стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.