Поранешниот фудбалер на „Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ се изјасни за виновен и се спогоди со судот во Шпанија по што беше осуден на една година затвор за затајување на околу 600.000 евра данок.
Сепак, шпанските закони овозможуваат казната да ја замени со пари, па освен веќе исплатената главнина на долгот од 600.000 ерва, Мијатовиќ ќе треба да плати по 10 евра од затворски ден, но за две години, или 7.300 евра.
Црногорецот, кој е поранешен напаѓач на Будуќност, Партизан, Валенсија и Реал Мадрид кривичното дело го направил во периодот од 2011 до 2014 година.
Но тоа не е се, па спортскиот директор во Реал ќе мора да плати 40 отсто камата на долгот, или 240.000 евра.