Мицкоски: Да победиме па да работиме и да си ја кренеме татковината од пепел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел каде ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.

-Во Бутел победуваме. Народот е на нозе и огромното мнозинство се спротивставува на оваа деспотска власт. Ни треба милиметар повеќе за победа на деспотот, за победа на правдата и ставање крај на сите неправди. Губат, губат на анкетите губат кај народот, и многу брзо ќе се соочат со законот и сите неправди кои стојат зад нивната работа. А во Македонија ќе имаме триумф на правдата за која се изборил народот, посочи Мицкоски.

Тој пред граѓаните на Бутел истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е во значителна предност во однос на СДСМ и професорката Гордана Силјановска Давкова во однос на Стево Пендаровски.

-Очекувам дека на 5 мај во недела резулатати ќе бидат уште поубедливи. Но, за да дојдеме до таа убедлива победа потребен е уште еден дополнителен чекор бидејќи милиметри ни недостасуваат  да триумфот биде комплетен, да ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори, да победиме  на тие предремени парламентарни избори, а потоа да ги засукаме ракавите и да работиме и да си ја кренеме татковината од пепел и даја вратиме онаму кадешто и е местото, потенцираше претседателот Мицкоски.

Претседателот Мицкоски од Бутел рече дека ќе биде тешко за претседателските избори бидејќи изминатиот период граѓаните беа изложени на закани, уцени, злоупотреби.

-Но, мора да издржиме , мора да стегнеме заби бидејќи деспотот е на колена, овие политички измамници ги чекорат последните чекори во нивната политичка кариера, порача Мицкоски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави