Десетгодишно девојче од САД, кое е родено без дланки, докажа дека може да врши задачи како и секој друг – ако не и подобро.
Сара Хинсли ја освои наградата „Николас Максим“ на натпреварот Занер-Блосер за најубав ракопис. Оваа награда им се доделува на ученици со интелектуална и физичка попреченост.
За да пишува, Сара го држи пенкалото меѓу краевите на рацете. Таа е ученичка во трето одделение на регионалното католичко училиште „Св. Џон“ во Фредерик, во Америка.
За убавиот ракопис на Сара е заслужна нејзината учителка, но и нејзиниот природен талент, пишува Klix.ba.
ара доби награда од 500 долари и сè уште не одлучила што ќе прави со неа, но се надева дека другите деца со попреченост ќе бидат инспирирани од нејзината приказна.
Нејзината мајка Кетрин Хинсли рече дека била воодушевена кога Сара ја освоила наградата.
„Сара е многу независно девојче. Кога сака нешто, се труди да го добие тоа. Секоја задача ја сфаќа многу сериозно и не се откажува од неа додека не ја изврши“, рече мајка ѝ.
Покрај тоа што сака да пишува, таа се занимава со уметност, вози велосипед, чита и плива.