Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски повикаа граѓаните на масовна излезност и поддршка на опцијата Заедно Напред во име на економскиот развој на државата, правдата и евро-атлантските интеграции на државата.
-Тие најавуваат ревизија на сите добри потези што оваа влада ги направи, за коишто добивме пофалби од целиот свет. Кој се не дојде за да ни стегне рака и да ни каже дека “ова не верувавме дека ќе го направите“. Заради тоа добивме и покана за во НАТО и за тоа ќе добиеме датум за ЕУ во јуни, два месеца од сега.
Ги стабилизиравме финансиите, ја стабилизиравме економијата, имаме редовна исплата на плати и на пензии, сите економски индикатори одат нагоре, меѓутоа за тоа требаше време, енергија, трпение, визија, храброст и знаење. Тоа го направивме.
Претседателот на СДСМ и премиер, Заев посочи дека низ евро-атлантските интеграции е само можен економскиот развој којшто е почнат во нашата земја, а дека патот кон ЕУ и НАТО е можен единствено со Стево Пендаровски кој ќе води на патот кон ЕУ и НАТО.
-Ветивме економија и `се што направивме, и домашното единство, и договорот со Бугарија, и договорот со Грција, и НАТО и ЕУ, `се е за економијата, за повисок животен стандард. Секоја земја го постигнала економскиот прогрес низ интеграциите во НАТО и ЕУ. Тоа и овде ќе го постигнеме. Доаѓа убаво блескаво време за сите нас, време во кое што секој од нас ќе каже “видовте ли дека се можело ако се сака“. Тоа ќе го докажеме. Затоа што повеќе пречки повеќе немаме, тегови што влечат назад немаме. Сите патишта се отворени. Ќе има работни места. Знам дека младите ќе бидат среќни, ќе имате опции за работа, невработеноста ќе драстично ќе се намали. Сакам државнича исправна одлука од мојот народ, побара претседателот на СДСМ и премиер, Заев.
Тој ги повика граѓаните на масовна излезност и избор на опцијата Заедно Напред, за да има и правда во државата, којашто е можна само со претседателскиот кандидат Пендаровски. Упати јавно прашање до Силјановска.
-Дали е изработувачот на актот за амнестијата што го даде Иванов е Гордана Силјановска, нека каже. Правда и амнестија се две разлчни работи. Таа чека мандат, да даде амнестија за Груевски да се врати. Затоа, Заедно Напред, порача претседателот на СДСМ и премиер Заев, на трибината со граѓаните во Велес.