„Куќата Гучи“ и „Спајдерман“ занемарени од Академијата, нема номинации за нив

Ѕвездата на House of Gucci, Лејди Гага, и најновиот хит на „Марвел“, Spider-Man: No Way Home, изостанаа на листата кандидати за овогодинешните „Оскари“, додека Џејн Кемпион стана првата жена со повеќе од една номинација за најдобар режисер.

„Куќата Гучи“, филм за италијанската модна династија, беше исклучен од сите главни категории, вклучувајќи ја и таа за најдобрата главна актерка. Поп-ѕвездата Гага, која во 2018 година доби „Оскар“за најдобра оригинална песна Shallow (A Star is Born), гледачите ја сметаа како веројатен избор.

„Човек-пајак: Далеку од дома“ е рангиран како шести филм со најголема заработка во глобалната историја на боксофисот со речиси 1,8 милијарди долари од продажба на билети. Филмовите со суперхерои обично не заработуваат место во оскаровската трка за најдобар филм, но продуцентите на „Сони“ и „Волт Дизни“ водеа кампања за вклучување на „Спајдермен“.

Бијонсе, пејачката со најмногу „Греми“ награди во историјата, ја доби својата прва номинација за „Оскар“ како коавтор на песната Be Alive за филмот „Крал Ричард“.

Треба да знаете
Последни објави