Анкетите пред вториот круг од претседателските избори покажуваат поголемо водство на кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Ако пред првиот круг разликата беше во рамки на статистичката грешка, анктетата на агенцијата „Маркет вижн“ овој пат покажува 7% разлика во корист на Пендаровски, објави МКД.мк. Ова истражување на јавното мислење покажува дека повеќето испитаници (22%) се изјасниле дека во вториот круг од изборите ќе гласаат за Стево Пендаровски наспроти 15,9% кои се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за Гордана Силјановска-Давкова.