Бркотница на полицијата со возило во кое биле превезувани Авганистанци

МВР јави дека кај селото Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, забележале патничко моторно возило управувано од И.Е. (20) од населбата Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигранти.

Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината и излетал од коловозот.

Возачот и совозачот, исто на возраст од 20-години, од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници биле приведени

Треба да знаете
Последни објави