Биди дел од чиста иднина и во општина Бутел
Општина Бутел се приклучи кон големата акција организирана од страна на ЈП Комунална Хигиена-Скопје ” Биди дел од чиста иднина”,во која вработени од општинската администрација заедно со вработените во ЈП “Комунална Хигиена”, го расчистуваа делот кај реката Серава, потегот кон Домот за згрижување „25 Мај“.
Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните велат од општина Бутел.