Концерт на „Балканскиот симфониски оркестар на Универзитетот Тракија“ од Турција

Со концертот на „Балканскиот симфониски оркестар на Универзитетот „Тракија“ од Турција, вечерва во 18 часот во амфитеатарот на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје свечено ќе биде затворена неделата на турски филмови. На концертот ќе бидат изведени турски народни песни и други балкански мелодии.

Неделата на турски филм  почна со проекцијата на филмот „Балкајмак“, кој е снимен во Македонија, а филмот беше прикажан на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, и во киното „Милениум“.

Во рамките на Неделата на турски филмови биеа прикажани шест играни и два документарни филма. На проекциите присуствуваа режисерите и актерите на самите филмови, а се одржа и кинематографска работилница на Турција – Северна Македонија, на која се сретнаа  значајни имиња од областа на филмот на двете земји како можност за продлабочување на меѓусебната соработката оваа дејност.

Неделата на турски филм се организира со поддршка на Генералниот директоријат за кинематографија при Министерство за култура и туризам на Република Турција.

Треба да знаете
Последни објави