Извори во Елисејската палата ги демантираат шпекулациите дека претседателот Емануел Макрон доаѓа на самитот во Берлин со француски предлог за решавање на спорот помеѓу Белград и Приштина, јави дописничката на МИА од Брисел.
На брифинг со новинарите, високи владини извори од Елисејската палата денеска порачаа дека нема никаков предлог за решавање на спорот за Косово и дека тоа би било “спротивно на духот на овој состанок”.
-Нема никаков предлог, тоа е спротивно на духот на овој состанок, не сакаме ниту да спречиме, ниту да наметнеме решение, успех е можен само преку директен дијалог и регионална соработка, нема план кој доаѓа одозгора, имаме пореалистичен пристап преку кој сакаме да овозможиме средба на регионално ниво, со помош од Франција и Германија, велат француски владини извори.
На неформалниот самит во Берлин в понеделник попладне ќе бидат застапени сите земји од поранешна Југославија и Албанија на премиерско ниво, освен Србија и Косово, од каде ќе дојдат и премиерите и претседателите. Состанокот е иницијатива на канцеларката Ангела Меркел и на претседателот Емануел Макрон, а поканета е и шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.
Целта на овој состанок е да се поттикне поинтензивна регионална соработка и да се надминат долгогодишните спорови помеѓу земјите, за што Берлин и Париз се подготвени да помогнат преку сопствените пример на помирување од минатото и од сегашноста, објаснуваат Французите.
За Франција ова е исто така прилика да “се врати во регионот” и повторно да му се посвети, по децении запоставување на овој дел на Европа, велат од Елисејската палата. Париз сака да игра поголема улога на Балканот, како од политички, така и од економски и социјален аспект.
Српско-косовскиот спор се очекува ќе биде централно прашање на овој самит со оглед на тоа дека дијалогот помеѓу двете страни е блокиран од крајот на минатата година кога Приштина ги зголеми царините врз увозот на српски и босански производи. Оттогаш, Белград одбива да се сретне повторно со Приштина и го условува продолжувањето на дијалогот со укинувањето на овие царини.
-Дијалогот беше прекината по одлуката за царините, не е тоа единствената точка, но е една од пречките за тоа што Србија и Косово не постигнале сѐ уште договор, не е лесно, затоа и ќе бидат присутни и премиерите и претседателите и Могерини која е задолжена за дијалогот, велат од Париз.
Во овој контекст, Берлин и Париз уште еднаш ќе го поздрават Преспанскиот договор како позитивен пример за надминување на билатералните спорови во регионот, најавуваат дипломатите
Брисел, 26 април 2019 (МИА) – Извори во Елисејската палата ги демантираат шпекулациите дека претседателот Емануел Макрон доаѓа на самитот во Берлин со француски предлог за решавање на спорот помеѓу Белград и Приштина, јави дописничката на МИА од Брисел.
На брифинг со новинарите, високи владини извори од Елисејската палата денеска порачаа дека нема никаков предлог за решавање на спорот за Косово и дека тоа би било “спротивно на духот на овој состанок”.
-Нема никаков предлог, тоа е спротивно на духот на овој состанок, не сакаме ниту да спречиме, ниту да наметнеме решение, успех е можен само преку директен дијалог и регионална соработка, нема план кој доаѓа одозгора, имаме пореалистичен пристап преку кој сакаме да овозможиме средба на регионално ниво, со помош од Франција и Германија, велат француски владини извори.
На неформалниот самит во Берлин в понеделник попладне ќе бидат застапени сите земји од поранешна Југославија и Албанија на премиерско ниво, освен Србија и Косово, од каде ќе дојдат и премиерите и претседателите. Состанокот е иницијатива на канцеларката Ангела Меркел и на претседателот Емануел Макрон, а поканета е и шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.
Целта на овој состанок е да се поттикне поинтензивна регионална соработка и да се надминат долгогодишните спорови помеѓу земјите, за што Берлин и Париз се подготвени да помогнат преку сопствените пример на помирување од минатото и од сегашноста, објаснуваат Французите.
За Франција ова е исто така прилика да “се врати во регионот” и повторно да му се посвети, по децении запоставување на овој дел на Европа, велат од Елисејската палата. Париз сака да игра поголема улога на Балканот, како од политички, така и од економски и социјален аспект.
Српско-косовскиот спор се очекува ќе биде централно прашање на овој самит со оглед на тоа дека дијалогот помеѓу двете страни е блокиран од крајот на минатата година кога Приштина ги зголеми царините врз увозот на српски и босански производи. Оттогаш, Белград одбива да се сретне повторно со Приштина и го условува продолжувањето на дијалогот со укинувањето на овие царини.
-Дијалогот беше прекината по одлуката за царините, не е тоа единствената точка, но е една од пречките за тоа што Србија и Косово не постигнале сѐ уште договор, не е лесно, затоа и ќе бидат присутни и премиерите и претседателите и Могерини која е задолжена за дијалогот, велат од Париз.
Во овој контекст, Берлин и Париз уште еднаш ќе го поздрават Преспанскиот договор како позитивен пример за надминување на билатералните спорови во регионот, најавуваат дипломатите.