Импровизирана лабораторија за одгледување канабис била откриена во дом на 40-годишен Лисичанец.
„При претрес во домот на осомничениот 40-годишник, во кичевското село Лисичане, била пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување на растенија канабис и апаратура за производство на наркотична дрога марихуана. Притоа биле пронајдени 15 откорнати растенија со висина од околу еден метар и две млади растенија со висина од околу шест сантиметри засадени во саксија“, соопштија од обвинителството.
Осомничениот е приведен и изведен пред судија на претходна постапка. Јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.