Нови три експлозии одекнаа денеска во источниот дел на Шри Ланка каде што војската и полицијата вршат рации по терористичките напади кои се случија минатата недела во цркви и хотели, а во кои беа убиени повеќе од 200 луѓе.
Според локалните медиуми, полицијата и војската врши претреси на локации на кои е можно да се направени прслуците со експлозив кои ги користеле напаѓачите во нападите.
Си-ен-ен објави дека војската пронашла експлозив, знамиња на ИСИС и униформи.
Близу 10.000 војници се вклучени во рацијата ширум Шри Ланка како и во заштитата на верските објекти. Досега се притворени 70 лица.
Серијата напади се случија минатата недела, на 21 април на католички Велигден. Властите првично соопштија дека билансот на жртвите е 359, но денеска излегоа со ново соопштение дека бројот е помал за 100 лица и дека дошло до грешка во броењето на жртвите, па така засега официјалниот број е 253.