ФК Тетекс: Тенденциозно судење на наша штета

Фудбалскиот клуб Тетекс со соопштение до јавноста реагира на судењето на вчерашниот натпревар од 23-тото коло кој го загубија на гостувањето на Струга Трим Лум. Тие обвинуваат за тенденциозно судење од страна на главниот судија.

– Фудбалскиот клуб Тетекс е ужаснат од случувањата на натпреварот од 23. коло на 2. МФЛ Запад помеѓу Струга ТЉ и Тетекс. Главниот судија Благојче Ралевски од Битола, потпомогнат од своите помошници, од самиот старт на натпреварот тенденциозно судеше на штета на нашата екипа. Безброј недосудени фаули во наша корист, кои ги досуди во корист на противникот, чист недосуден пенал на резултат 0-0 над Десниќ, доделување на картони во смешни ситуации за фудбалерите на Тетекс, а во исто време толерирање на пцуење и вулгарности кон него од противничките играчи. Поради сето ова финансиерот на клубот ќе прекине со секакви вложувања во бидејќи вакви местенки не се случуваат ниту во четврта африканска лига-се вели во соопштението.

Тие упатуваат неколку прашања до фудбалската федерација и бараат таму да се прегледа снимката од дуелот.

– За која трета страна (клуб) одработи денеска судијата Ралевски?- Дали во тесен круг на луѓе, во некоја канцеларија во ФФМ одлучивте дека мора ФК Тетекс да испадне?- Дали комесарот за делегирање на судии делегираа по нечиј диктат, и чиј?- се прашањата наведени во соопштението.

ФК Тетекс овој натпревар го предводеше новиот шеф на стручен штаб Ѓорѓи Тодоровски-Џони, кој неделава беше поставен по оставката на Јовица Кнежевиќ од претходниот викенд. Тетекс со именувањето на Тодоровски прави обид да ја избегне осмата позиција на табелата и испаѓањето во Трета лига.

Треба да знаете
Последни објави