Германскиот производител на спортска опрема „Адидас” објави денеска дека го назначила Норвежанецот Бјорн Гулден, шеф на конкурентската „Пума”, да застане на чело на групацијата која во моментов се наоѓа во лоша финансиска ситуација.
– Бјорн Гулден е именуван за член на управата и претседател на „Адидас” од 1 јануари 2023 година, соопшти Адидас.
Досегашниот шеф на баварскаta компанија Каспер Рорстед, чие заминување беше најавено летоска, ја напушта компанијата оваа недела.
Гулден ја предводеше „Пума” од 2013 година, развивајќи ја во сенка на големиот ривал „Адидас”, и го репозиционираше својот бренд повеќе на натпреварувачки спорт, отколку на стил на живеење.
„Адидас” и „Пума” имаат седиште во германскиот град Херцогенаурах, а се формирани од двајца браќа од семејството Даслер.
Иако нивното братоубиствено ривалство сега е минато, конкуренцијата меѓу двете компании останува и натаму жестока.