Дали сопругата на Борис Џонсон влијае на неговите одлуки?

Британскиот министер за здравство Саид Џавид изјави дека коментарите за наводното мешање на сопругата на Борис Џонсон во одлучувањето се сексистички и понижувачки.

Минатиот викенд во британски весник беше објавена книга на Мајкл Ешкрофт, поранешен потпретседател на Конзервативната партија на Џонсон, во која меѓу другото се наведува дека Кери негативно влијаела на одлуките на премиерот.

„Тоа е сексистичко. Нападот врз Кери Џонсон не е достоинствен, тој е понижувачки и погрешен“, изјави Џавид, пишуваат британските медиуми.

Кери (33), поранешна шефица на одделот за комуникации на Конзервативната партија и поранешна висока советничка на министрите, вклучително и на Џавид, е третата сопруга на Џонсон, а парот има две мали деца.

Нејзиниот портпарол изјави дека наводите во книгата на Ешкрофт се „брутална кампања на напади против неа од страна на непријателите на нејзиниот сопруг“.

„Ова е само последен обид на револтираните поранешни функционери да ја дискредитираат. Таа е приватно лице кое нема никаква улога во владата“, рече нејзиниот портпарол.

Треба да знаете
Последни објави