На 25.04.2019 во времето од 16,00 до 19,30 часот во с.Лисичани- Кичево, од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи -Кичево и униформирани полициски службеници од Полициската станица Кичево по наредба на Основен суд Кичево извршен бил претрес во домот на Б. Д. (40) од с.Лисичани, при што пронајдени и одземени се марихуана, 16 саксии со растение канабис, девет пластични шишиња со непозната течност, како и други предмети. На 26.04.2019 година по дадени насоки од Јавен обвинител од Гостивар, Б.Д. со кривична пријава за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.255 ст.1 од КЗ на РСМ е предаден во ОЈО-Гостивар.