Започна емитувањето на серијата Pam & Tommy („Пем и Томи“) на стриминг-платформите „Дизни плус“ и „Хулу“.
Дејствието се врти околу познатото секс видео на Памела Андерсон и нејзиниот тогашен сопруг Томи Ли, кое протече во јавност во1995 година.
Главните улоги во „Пем и Томи“ ги толкуваат Лили Џејмс и Себастијан Стен. Во првите три епизоди, гледачите можеа да видат голем број експлицитни сцени, лажни големи гради…
Првата епизода се фокусира на разбојник кој, откако упаднал во домот на Памела и Ли, го открива нивното домашно видео. Веќе во втората епизода до израз дојдоа вештачките гради на Лили. За серијата, Лили носела реалистични протетски гради, кои го реплицираат деколтето на Памела.
На социјалните мрежи почнаа да се натрупуваат коментари, и речиси сите го споменуваат истото.
„Тоа се протетските гради на Лили Џејмс?“ „Како ѝ ги направија градите?“, „Јас како хомосексуалец гуглам дали градите на Лили Џејмс се вистински“… ова се се дел од коментарите за изгледот на главната протагонистка