Детали за сообраќајката во Тетово: Еден загинат, тројца повредени

Вчера околу 19 часот било пријавено дека во Тетово кај кружниот тек од булеварот Маршал Тито се случила сообраќајка помеѓу автомобил „мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управуван од З.С.(57) од Тетово, а сопатник била Д.С.(52) и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, управуван од И.Ј.(55) од селото Слатино, а сопатник била Ф.Ј.(56). Со возило на Итна медицинска помош повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.

Кај З.С. од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатничката Д.С. им подлегнала на повредите. Кај возачот и сопатникот од возилото „голф“ од страна на лекар констатирани биле телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и  увидна екипа од СВР-Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави