Пехчевец прегазен од трактор

Пехчевец бил тешко повреден откако бил прегазен од тракторот што претходно го паркирал, вчера во неговиот двор во пехчевското село Умлена.

Според полицијата, несреќата се случила вчера вечерта. Критичното време Г.Р.(32) го паркирал тракторот во неговиот двор, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил. По несреќата тој веднаш бил однесен во Здравствениот дом Пехчево, но поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип.

Треба да знаете
Последни објави