Двајца повредени во судир на два автомобили управувани од тинејџери

Двајца сопатници биле повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 22.10 часот на улицата Орце Николов. Во сообраќајката учествувале автомобил „бмв“ со скопски регистерски таблици управуван од К.Г. (24) од Скопје, „голф“ со скопски регистерски таблици управуван од И.Ч. (19) од Скопје, и паркиран автомобил „голф“ паркиран од Ж.Т. (47) од Скопје.

Од ударот тешко бил повреден Б.С. (20), а полесно А.М.Ч.(20) двајцата од Скопје и сопатници во голфот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави