Од почетокот на руската инвазија на Украина, загинаа повеќе од 23.000 руски војници, изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај тоа, уништени се повеќе од 1.000 руски тенкови и речиси 2.500 други воени возила“, рече тој во својот вечерен говор, истакнувајќи дека е тешко да се процени вистинската големина на загубите, пренесуваат светските агенции.
Москва претходно призна дека од почетокот на војната се убиени повеќе од илјада Руси, а проценува дека бројот на убиени украински борци е повеќе од 23.000.
Украинскиот претседател, исто така, изјавил дека очекува Русија да собере дополнителни војници за напади во источна Украина и апелираше до руската војска за време на неговиот говор.
„Секој руски војник сепак може да си го спаси животот. Подобро е да преживеете во Русија отколку да умрете во нашата земја“, кажал тој.